ONEID - ПРВА МАКЕДОНСКА УСЛУГА ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ИДЕНТИФИКАЦИЈА

КИБС во партнерство со Некстсенс, ја лансираше првата македонска услуга за електронска идентификација – OneID, изработена и сертифицирана согласно европските стандарди и европската регулатива еIDAS и согласно македонскиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.


Со OneID во земјата се отвора ново поглавје во дигитализацијата на процесите за широка палета на услуги за граѓаните и правните лица. ..Повеќе


Информации за услугата се достапни на https://www.oneid.mk/


                 

20 ГОДИНИ КИБС
погледни интервју
Објавено во Manager, Редакција Капитал
септември, 2021

За нас

Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје е оператор на платен систем за мали меѓубанкарски плаќања.
Платниот систем го сочинуваат КИБС и носителите на платен промет во Република Македонија.
Покрај услугите на платен систем вршиме испорака и на платежни услуги, услуги од дигитална доверба, како и други ИКТ услуги.
Постоиме веќе 20 години и препознатливи сме на пазарот како куќа на доверба и сигурност која во целост одговара на потребите на корисниците.
Квалитетот на испораката на услугите, довербата и сигурноста се наши главни цели и основни постулати на работењето.
КИБС е сертифициран согласно ISO стандардите и е регистриран давател на квалификувани доверливи услуги согласно регулативата на ЕУ (eIDAS).

Мисија на КИБС

Нашата мисија е да обезбедиме стабилност на постојната платежна инфраструктура, да воведуваме и развиваме нови високо квалитетни услуги и грижа за корисници на нашите услуги.
Со квалитетно, безбедно, доверливо и навремено извршување на услугите креираме трајни вредности и задоволни и лојални корисници.

Визија на КИБС

Водечка компанија за испорака на услуги од меѓубанкарски интерес, услуги за потребите на државата и други деловни субјекти, компанија, насочена кон воведување на иновативни услуги и светски трендови кои се базираат на ИТ дигиталната технологија, опремена со висок степен на информатичка технологија и безбедност, како и стручност, експертиза и професионалност во работењето.