Почитувани корисници на услугите на КИБС АД Скопје


Ве информираме дека, согласно препораките и одлуките на Владата на Република Македонија поврзани со појавата на Ковид-19 (корона вирус), КИБС воведе бројни мерки за превенција и заштита на своите вработени и на своите клиенти.
Ве известуваме дека и во најновите околности Клириншката куќа КИБС продолжува без застој или промена на интензитетот на работењето како и досега посветено да работи на одржување на високо ниво на квалитет во испораката на сите услуги кон банките, другите финансиски институции и сите други корисници на услуги кон граѓаните и правните лица.
Заради зачувување на здравјето на сите, Ве советуваме за сите Ваши потреби може да ги контактирате вработените на КИБС на контактите објавени на нашите веб-страници (www.kibs.mk/mk/contact.html и www.kibstrust.mk/mk-MK/Home/Contact).

Физичка посета во нашите простории да се прави само доколку истото е неопходно и доколку не трпи одлагање. При ова истото можете да го направите директно во просториите на КИБС лоцирани на бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1 во Скопје (Комплекс банки), а за доверливи услуги во делот на персоналните сертификати и кај нашите овластени локални регистрациони канцеларии и застапници. При физичка посета има промена на режимот на работа, а се со цел зголемена заштита на сите нас, пред се во делот на избегнување на долготраен директен контакт на нашите вработени и клиентите.
За повеќе информации Ве молиме погледнете на веб-страницата www.kibstrust.mk.

Информациите постојано ќе се ажурираат и доколку има било какви промени во работењето навремено ќе бидете известени.
КИБС АД Скопје Ви стои на располагање за сите Ваши прашања и потреби.
Ви благодариме на разбирањето.