УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Услови за користење на веб страната на КИБС

Оваа веб страна е сопственост на Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС) и целосно ги задржува сите авторски права врз нејзината содржина.

КИБС вложува реални напори да обезбеди податоците кои се содржина на оваа веб страна да бидат целосни и точни но не презема одговорност за евентуална грешка или пропуст.

КИБС го задржува правото во било кое време да изврши повлекување, изменување или дополнување на содржината на оваа веб страна.

КИБС не прифаќа одговорност за побарувањата или загубите кои можат директно или индиректно да настанат од користењето на информациите, податоците, документацијата или друг материјал на оваа веб страна.

Посетителите на оваа веб страна можат да ја разгледуваат содржината, да преземаат материјали но при тоа да го наведат изворот, да копираат материјали но без комерцијални/маркетинг цели. Врските (линковите) од оваа веб страна со други веб страни се само заради информирање. КИБС не е одговорна за содржината на другите веб страни.

Логото на КИБС исклучиво припаѓа на КИБС и не може да се користи без претходно одобрување од КИБС. Секој упад на оваа веб страна и нејзина злоупотреба е казнива согласно македонската легислатива.