Услуга за доставување на SMS, Viber и email пораки.
Кратките пораки испратени од мобилен телефонски уред (SMS) се најбрзиот и најраширениот начин за да дојдете до Вашите клиенти. Популарни се, ефикасни и лични, а Вам ви овозможуваат да допрете до корисници на мобилни телефони насекаде, и во секое време. Корисниците на мобилни телефони ретко го напуштаат домот без нивните мобилни уреди и ги читаат пристигнатите SMS пораки веднаш односно во просек околу 6 минути по приемот на пораката. Во денешницата, мобилната комуникација е камен-темелник на секој бизнис: мобилноста овозможува да ги монетизирате Вашите ресурси, зголемување на влијанието на Вашиот бренд и Ви нуди можност за нов извор, т.е. тек на приходи. Привлечете го вниманието на вашите клиенти со правење на богати, персонализирани трансакциски или маркетинг пораки. Пораките пратете ги преку расположливиот веб-портал или директно од Вашите апликации користејќи соодветен програмски интерфејс (API). Едноставно интегрираjте ја Вашата електронската пошта во Вашата повеќе-канална (omnichannel) стратегија користејќи ја нашата моќна платформа.
Услуга базирана на принципот платформа како услуга (PaaS) која на корисниците им овозможува платформа на која можат да ги постават, контролираат и управуваат своите апликации и податоци, а грижата за потребната инфраструктура, мрежата, серверите, оперативните системи и дисковиот простор, димензионирана според потребите на нивните софтверски решенија ја препуштат на КИБС. Со користење на КИБС PaaS услугата корисниците добиваат стабилна и безбедна платформа, остваруваат значителна заштеда од инвестиции во опрема и потребно време за нејзино конфигурирање и одржување, што им овозможува целосно да се посветат на развој на нови апликации и услуги.
Платформата за отворено банкарство на КИБС PSD2 API Hub, претставува сервисно
ориентирана услуга (SaaS), хостирана на инфраструктурата на КИБС. Услугата го овозможува
отворено банкарство во согласност со Законот за платежни услуги и платни системи и
подзаконската регулатива, преку вмрежување на финтек-компаниите и на банките.
Придобивка од отвореното банкарство е зголемена понуда на разновидни и современи
дигитални решенија од страна на финтек-секторот за пристап на корисниците до банкарските
услуги за иницирање на плаќања и за информации за сметки, со тренд новата дигитална
технологија да пристапува и до останатите финансиски услуги. Платформата овозможува
користење на отвореното банкарство како стратегиска предност за поттикнување
иновативност, транспарентност и конкуренција, а истовремено одржувајќи највисоки стандарди
на безбедност, усогласеност и им дава моќ на финансиските институции, на граѓаните и
бизнисите.
Преку платформата за отворено банкарство на КИБС, достапни се развојните портали
https://ob.kb.mk/ и
https://ob.stb.kibs.mk/ на Комерцијална Банка АД Скопје односно на
Стопанска Банка АД Скопје.
Платформата за отворено банкарство на КИБС е отворена за пристапување за останатите банки
во државата и за сите заинтересирани финтек-компании, коишто преку неа можат да
развиваат свои решенија за отворено банкарство и да го тестираат поврзувањето со системите.